Симон Трпчевски прекина концерт во Штип

Светски познатиот пијанист Симон Трпчевски после пауза долга од 11 години повторно настапи во Штип.

Трпчевски за време на концертот кој што се одржа во рамки на Домот на културата „Ацо Шопов“ се обрати на публиката поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а исто така и имало проблеми и со струјата.

Трпчевски вели дека на културата и на образованието не смее да се штеди.

„Пред да излезам на сцена во просторијата додека се обидував да се загрејам, го прочитав следново, а има врска со фактот што ние Македонците без разлика колку имаме код на самоуништување велиме дека сме пиреј и дека одново растеме. Тоа сме Македонците“ вели Трпчевски.

Погледнете го видеото во продолжение и ќе видите за што точно станува збор:

InterServer Web Hosting and VPS