МКЦ организира гледање на „Оскарите“ во живо со надеж за награда за „Медена земја“

По големиот успех на македонскиот документарен филм „Медена земја“, што стана првиот документарен филм во историјата што добил две номинации за престижните филмски награди, од Младинскиот културен центар најавија дека ќе организираат настан како дел од поддршката за нашиот филм.

Како што информираат од МКЦ, закажуваат дружба на 9 февруари за кога во киното „Фросина“ организираат гледање во живо на свеченоста на доделување на наградите, со надеж дека меѓу наградените ќе биде и „Медена земја“.

InterServer Web Hosting and VPS