Градежна компанија од Њујорк мора на работник да му плаќа марихуана

Во пресудата што може да има далекусежни последици, Апелациониот суд во Њу Џерси неделава донесе одлука дека работодавачот мора да му плати на поранешниот вработен за медицинска марихуана.

Тој ја користи марихуаната за да се ослободи од болката како резултат на повреда на работното место.

„Ова е огромна работа. Важноста на пресудата на овој суд не може да се потцени“, изјави Стив Шајн, адвокат специјализиран за законот за марихуана.

„Ова е преседан во програмите за надомест во други држави, како и за приватните здравствени осигурители“, додаде тој.

Винсент Хагер имал 28 години во 2001 година кога камион миксер истурил бетон врз него. Тој станал неспособен да работи поради оштетување на нервите и ‘рбетниот столб, покажуваат судските документи.

Неговиот работодавец, градежната компанија М & К, одби да му ги плати трошоците за третман во текот на 15 години.

Хагер стана зависник од аналгетици, па неговиот лекар го советуваше да се ослободи од нив и да користи медицинска марихуана. Хагер на крајот престана да ги користи силните лекови.

Трошоците за медицинска марихуана обично не се покриени со здравственото осигурување, бидејќи Американската агенција за лекови и храна смета дека нема медицински придобивки, и покрај тоа што е легализирана во 33 држави и се користи за третман на некои болести.

Хагер, кој зема 56 грама марихуана на секои 30 дена, троши 616 долари месечно на дрогата.

InterServer Web Hosting and VPS