Италијанците кога ќе измислат размена, никој крајот не може да им го најде

Во светот на фудбалот се случуваат многу интересни работи, а такво нешто може понекогаш да се забележи и на трансфер-маркетот, но последниот потег на Интер и Рома ги изненадија сите.

Дојде крајот на неизвесностите поврзани за размената меѓу Матео Политано и Леонардо Спинацола, односно Рома и Интер.

Политано вчера допатува во Рим, имаше медицински прегледи и требаше да потпише само договор, но потоа стигна повик од Милано дека постои пречка.

Од Интер бараа дополнителни медицински прегледи за Спинацола, кој често има проблеми со повреди, а на такво нешто не сакал да се согласи клубот од Рим.

Денеска се појави информација дека договорот пропаднал, меѓутоа клубовите на крајот договориле размена на овие фудбалери и тоа под чудни услови.

Политано и Спинацола ќе бидат позајмени фудбалери со право на откуп до крајот на сезоната, а новост е тоа што двајцата ќе мора да одиграат по најмалку 15 натпревари за да може клаузулата да се активира.

Во случај да се активира клаузулата за откуп, тогаш двајцата фудбалери би чинеле по 28 милиони евра.

InterServer Web Hosting and VPS