Да не е премногу? ПСЖ ја одреди цената за Кавани

Едисон Кавани во февруари ќе наполни 33 години, а летоска му истекува договорот со ПСЖ.

Меѓу играчите кои можат да преговараат со други клубови без дозвола од сегашниот е и Единсон Кавани. Атлетико Мадрид засега покажува најголем интерес.

Клубот од Мадрид веќе постигнал договор со уругвајскиот напаѓач и целта на Јорганџиите е да го ангажираат уште во јануари, но тоа нема да биде така лесно.

ПСЖ ја процени вредноста на Кавани и цената на играчот кој за неколку недели ќе наполни 33 години е 30 милиони евра.

Марка пишува дека Атлетико за искусниот напаѓач нуди 10 милиони евра, а претседателот на клубот веќе отпатувал во Париз на преговори.

Кавани веќе одлучи кариерата да ја продолжи во Атлетико. Само прашање е дали ќе ја промени средината во наредните денови или на лето.

InterServer Web Hosting and VPS