Шкупи ремизираше без голови со косовски Фљамуртари

Фудбалерите на Шкупи ремизираа без голови со косовскиот прволигаш Фљамуртари во првиот пријателски натпревар на стартот од подготовките за пролетниот дел од шампионатот.

На дуелот кој се одигра на игралиштето на комплексот на ФФМ, чаирчани беа подобар противник но не затаија во реализацијата на крајот останувајќи без победа.

Тренерот Ќатип Османи на дуелот против Фљамуртари настапи со следниот состав: Алексовски, Кривањева, Иљази, Ндонг, Стојановски, Исени, Диак, Гуидаби, Алиу, Јусуфи и Бериша.

InterServer Web Hosting and VPS