Словачки конзул пронајден мртов во Шпанија

Шпанската цивилна гарда истражува смрт на словачки конзул.

Неговото тело било пронајдено во вторникот околу 17 часот во Ла Нусија (Аликанте). Според информациите на локалните медиуми, телото кое лежело во локва крв го пронашол градинарот.

Првичните информации од истрагата покажуваат дека конзулот најверојатно добил силен удар во пределот на главата од страна на непознато лице.

Телото на 53-годишникот кој бил ангажиран како конзул во Казахстан било пронајдено во градината покрај скалите на куќата што ја изнајмил. Куќата се наоѓа во селото Мирамар, помеѓу Ла Нусија и Алте, пишува „Ел Паис“.

Истрагата е во тек.

InterServer Web Hosting and VPS