Планира да „гази“ со 500 км/час: Koenigsegg сака да го сруши рекордот на Bugatti

Минатогодишниот брзински рекорд кој го постави моделот Chiron Super Sport 300+ на Bugatti е трн во око на шведскиот производител на спортски автомобили Koenigsegg.

Минатото лето Bugatti го претстави специјалниот модел на Chiron Super Sport 300+ кој успеа да извози рекордни 489.484 км на час. Време е некој да го отстрани од престолот,и тоа треба да биде Koenigsegg.

Според Supercarblog, уште во март ќе можеме да ја видиме „Mission 500“ во Женева, концепт што има само една задача – да вози 500 км на час.

Основата се претпоставува дека е Jesko, хиперспортска машина со 5.0 V8 мотор од 1.600 КС и 1.500 Nm при користење на E85. Наводно е способен да достигне и до 482 км на час, така што новата цел е многу близу. Судејќи според досегашните достигнувања, Швеѓаните се расположени да ја пробијат таа граница. Освен ако, плановите не им ги помати Hennessey Venom F5, изненадување од Америка.

InterServer Web Hosting and VPS