Заменик-градоначалникот Енвер Маличи: Старата скопска чаршија е душата на градот Скопје

Дел од раководството на ДУИ, воедно и членови на Владата на РСМ, министри, заменици министри, и пратеници, градоначалници, меѓу нив и заменик-градоначалникот Енвер Маличи и други функционери на партијата денеска ја посетија Општина Чаир.

Најпрво тие ја посетија Пластичарската улица во општина Чаир каде одблиску се запознаа со работата и активностите кои ги имаат сопствениците на локалите од оваа улица и проектите што се одвиваат од страна на институциите.

Заменик-градоначалникот Енвер Маличи на неговиот профил на социалната мрежа истакна.

“Сите заедно се увервиме како тече на терен реализацијата на проектот во Пластичарската Улица чија реконструкција се одвива со забрзано темпо.

На лице место проверивме и како тече работата за новите излози на дуќаните во Старата скопска чаршија во рамките на проектот за ревитализација и зачувување на инфраструктурната оргиналност на Старата скопска чаршија.

Средби реализиравме и со еснафот на Скопската чаршија со кои се договоривме како ќе течат работите од овој дел на градот во иднина.

Сакам да спомнам дека Старата скопска чаршија е душата на градот и треба да се сполтиме и заедно да ја зачуваме автентичноста на овој прекрасен дел од Скопје.”

InterServer Web Hosting and VPS