Ружин: Со новата методологија ЕУ се штити од нови диктаторчиња како Груевски

Методологијата проширување на Европската унија не е лош инструмент затоа што бара чесни реформи. Ако одите на блеф или ви се појави некој иден Никола Груевски кој ќе воспостави одредена контрола над медиуми и се и сешто, тогаш ЕУ има право на иверзибилен процес односно тоа што сте го поминале како обврска да ве врати пак назад, изјави поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин.

-Макрон си најде една инзвонредна алатка уште повеќе да ги контролира малите диктаторчиња, популисти и воедно да има поквалитетна реформа на сите нивоа особено на поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на владеењето на правото. Макрон е многу способен силен амбициозен политичар кој сака да раководи. Тој прво го услови проширувањето со продлабочувањето на реформите во самата Европска унија, продлабочувањето на односите помеѓу членките на Унијата сметајќи дека процесот на одлучување станал досаден, монотон дури и неправеден. Затоа излезе со тезата прво ренесанса за Европа, стратегија за Балканот и нова методологија на проширување. Јасен беше неговата цел и стратешката цел на ЕУ е ако доколку сакаат да биде голема политичка сила тоа може да го направи само со западниот балкан. Не смее да не исполнува ветувања, вели Ружин.

Тој додава дека од одредени блиски луѓе до поранешниот премиер Зоран Заев, има слушнато дека Макрон на Заев му кажал оти ќе направи се за Македонија да добие датум за отпочнување на преговорите.

Според Ружин, францускиот претседател Маркон е изолиран политичар и никој не го оправдува тоа што го направи со датумот за преговори со Македонија.

-Сите лидери беа да добиеме датум за преговори. Најголемиот проблем за Макрон беше повеќе Албанија која е втората земја по број на азиланти. Новата методологија ќе води сметка за сите детали од азиланти до респектирање на правото, од економски, социјални, политички и друг вид параметри. Макрон денеска е најсилниот човек на Европската унија, Меркел е во опаѓање. Кога станува збор за Република Северна Македонија сите се расположени да и дадат датум за преговори, вели Ружин.

InterServer Web Hosting and VPS