Обвинение за двајца странски државјани, криумчареле мигранти

Скопје, 15 јануари- Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинение против две лица-германски државјанин и државјанка на Италија, и двајцата по потекло од Република Гана за криумчарење мигранти.

Двајцата странски државјани, според Обвинителството, од користољубие заедно, по претходен договор илегално пренеле мигранти преку нашата државна граница.

„На 5 јануари годинава, обвинетите со намера нелегално да пренесат тројца мигранти се упатиле со патничко моторно возило со германски регистарски таблички во Грција. За непречено поминување, за мигрантите обезбедиле лични карти од Европска Унија и им ги дале на рака. На граничниот премин ‘Богородица‘ при контрола од полициски службеник мигрантите се легитимирале со холандска, шведска и германска лична карта. Тројцата мигранти кои исто така потекнуваат од Гана, платиле вкупно 500 евра за патни трошоци, а според договорот, остатокот од по 1.000 евра од лице требало да го исплатат по пристигнување на крајната дестинација, Австрија“, пишува во соопштението од Обвинителството.

Надлежниот обвинител со Обвинителниот акт предложил и продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.

InterServer Web Hosting and VPS