Не е Меган, не е Елизабета: Оваа жена е најмногу повредена од одлуката на принцот Хари

Сите пишуваат за тоа како принцот Вилијам е повреден со одлуката на неговиот брат да ја напушти должноста како член на кралското семејство, но никој не ги спомнува чувствата на Кејт Мидлтон.

-Кога принцот Хари беше слободен, немаше никакви проблеми. Вилијам секогаш беше тука за него, како и Кејт. Кејт сега се чувствува премногу повредено. Пред Хари да се венча со Меган, Кејт му беше некаков вид на ментор, а сега не може да поднесе тоа што нејзиниот маж е толку вознемирен поради целата оваа ситуација, вели добро информираниот извор.

-Вилијам направи се што беше во негова моќ да му помогне на братот за сите овие години и сега се чувствува изневерен со овие себични постапки на брат му. Тој смета дека Хари го погазил секој совет кој постариот брат му го дал, додава истиот извор, пренесуваат странските медиуми.

InterServer Web Hosting and VPS