Гатузо го пофали Елмас, но дали ќе му даде повеќе минути во Серија А?

Новиот кормилар на италијански Наполи, Џенаро Гатузо конечно му даде стартна шанса на макеоднскиот бисер Елиф Елмас, кој вчера во Купот на Италија ги одигра сите 90 минути против второлигашот Перуџа и го задоволи со настапот новиот кормилар.

Гатузо по мечот го пофалил Елмас за својот настап, како и најскапото засилување Ирвинг Лозано, ама повторно темпераментниот Италијанец пред новинарите пак остана нејасен околу двоецот кој летоска ги засили Наполитанците.

„Добро игравме денеска, посебно во првиот дел, малку полошо во вториот, но мора да продолжиме да работиме напорно. И ми се допаднаа Елмас и Лозано како одиграа, најдоа малку простор, но мора да продолжат поконтинуирано“, рече Елмас по мечот.

За дел од новинарите, сепак, сè е многу нејасно, во случајот со двоецот, зашто без поголема шанса и минутажа, тешко дека ќе фатат сериозен ритам, а ќе може да играат во континуитет. Елмас откако е дојден Гатузо имаше вкупно 23 минути во четирите меча до овој со Перуџа, а бившиот тренер на Милан пред една недела посочи дека Елмас мора да поработи на дриблингот и дека не е во преден план поради поинаквите тактички-тркачки замисли во однос на тие што ги имал Анчелоти, на чие инсистирање дојде македонскиот бисер под Везув.

InterServer Web Hosting and VPS