Тракторист паднал во провалија

Охрид, 14 јануари- На 13.01.2020 околу 13.00 часот во сeло Опеница, охридско, Б.В.(56) од с.Опеница, додека управувал трактор без регистарски таблички, изгубил контрола над тракторот и паднал во провалија.

Во незгодата, Б.В. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо Охрид“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.