Мадеротерапија за тело без целулит, само во Афродита С

Мадеротерапијата претставува масажа со која во потполност ќе го редуцирате целулитот и ќе го обликувате вашето тело. Таа е енергична масажа со која се постигнува комплетен детокс и тонизација.
Мадеротерапија е терапија која потекнува од Колумбија и која се заснова на користење на анатомски изградени елементи од дрво кои ја прават терапијата 100% природна без алергиски реакции на кожата. Оваа терапија претставува алтернатива на регуларна длабинска масажа за клиенти со диспропорционални, локализирани масни наслаги и целулит.

Предноста на користење на специјално обликувани дрвени елементи овозможува интензивен притисок на фиброзниот целулит и отстранување на масните наслаги заедно со останатите токсини. Техниката на оваа масажа подразбира серија движења кои се повторуваат користејќи повеќе различни дрвени елементи. Применувајќи ги овие елементи на мускулите, масните наслаги и целулитот, се стимулира лимфниот систем и со тоа го ослободуваме телото од акумулирани токсини. Ова ослободување од токсини го поттикнува метаболизмот да ги согорува мастите. Исто така, се разбиваат џеповите од упорниот целулит, се намалуваат отоците на кожата и се овозможува израмнување на ‘’кората од портокал’’.

Овој вид на масажа е:
*100 % Природна
*100 % Неинвазивна
*100 % Нема контраиндикации

Мадеротерапијата се препорачува за:
1.Опуштање на телото и умот со стимулација на лимфниот систем.
2.Елиминација на токсини.
3.Забрзување на метаболизмот.
4.Разбивање на целулит.
5.Согорување на масти.
6.Тонус и затегнување.
7.Намалување на обем.

Со масажата се допира длабоко, внатрешно во кожата со што одвнатре се активираат ќелиите. Поради ова, мадеротерапијата е посебно ефективна за:
-Редукција на струк.
-Елиминација на седечкиот дел на колковите.
-Дефиниција на нозе.
-Затегнување на бутини и нозе.
-Намалување на обем на стомакот.

Во комбинација со некои од апаратите за слабеење и обликување на тело дава двојно поголеми резултати.

InterServer Web Hosting and VPS