Свилени трепки со руски волумен (3Д, 4Д)

Свилени трепки со руски е метод на надградување на трепки со кои се лепат 3-4 свиленкасти влакна на природните влакна од трепките. Се постигнува густ и гламурозен ефект, без слепување и грутки.

Волуменските трепки укажуваат на екстензии кои имаат посилен ефект, односно
дополнителен волумен. Рускиот волумен на трепки е назив на третман кој е осмислен
пред само неколку години во Русија, а потоа поради ефикасноста и квалитетниот ефект се проширува во целиот свет, па и кај нас. Третманот подразбира посложен и
посовршен процес на надградување на трепки.

Изгледаaт толку природно што имате чувство дека се ваши. Едноставно, не чувствувате дека се вештачки.

Даваат заводлив, волуменозер, раскошен и таинствен, дефиниран изглед.

По надградбата со новите свилени трепки со руски волумен, можете да заборавите на маскарата, бидејќи нема повеќе да ви биде потребна. Овој специјален метод ќе ви го даде она што природата не можела со долготраен ефект.

Траат 1-2 месеци и со нив можете го да правите сето она што го правите секојдневно, да пливате, да се туширате,да се сончате без страв дека ќе ги изгубите. Единствено што треба, е да бидете редовни со надградбата на неколку недели. Природните трепки се обновуват на две до три недели, така што со нив ке паднат и надградените трепки. Надополнувањето(корекцијата) трае пократко.