Милијардерот дал оглас: “Барам жена за пат до месечината”

Милијардерот Јусаку Маезава дал оглас во кој бара жена за со него да оди на вселенско патување.

Маезава е Јапонец, има 44 години и е прв сопственик на карта за патување на Месечината, кое го организира SpaceX. 

Познат е и по тоа што пред неколку дена на Твитер им поделил околу 9 милиони долари на своите следбеници.

Неговото богатство се проценува на две милијарди долари, а основач е на најголемиот јапонски ланец за продажба на облека, Зозо.

Во септември 2018-та година станал првиот купувач на карти за пат на Месечината, а тогаш рекол дека во 2023-та година ќе понесе и уметници со себе, за да создадат уметнички дела инспирирани од вселенското патување.

Изгледа дека сега оставил уште едно место во вселенскиот брод – местото за својата идна љубов.

Не знаете јапонски? Нема проблем

“Полека ме обземаат чувства на осаменост и празнина. Затоа, постои една работа за која размислувам. Сакам да љубам една жена”, напишал Маезава на својата интернет страна.

“Сакам да најдам животна партнерка, и од вселената да пратам порака за нашата љубов и мир на светот”, пишува Маезава.

Сите жени кои имаат повеќе од 20 години, можат да се пријават на интернет страната на Маезава.

Не е потребно познавање на јапонски јазик – се што е потребно е жените кои аплицираат да имаат ведра личност, да сакаат да уживаат во животот и да сакаат мир во светот.

Како што смета, на него и неговата партнерка ќе им бидат потребни 3 години да се запознаат пред патувањето на Месечината, па затоа се надева дека крајот на март ќе ја запознаа вистинската љубов.

InterServer Web Hosting and VPS