Во атинското метро плакати за кампања против абортус

По интервенција на Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција ќе бидат отстранети плакатите што вчера се појавија на станиците во атинското метро против абортусот во рамките на кампања зад која стои движењето „Оставете ме да живеам“. Рекламните плакати предизвикаа бура реакции во Грција, како од корисниците на социјалните мрежи, така и од дел од опозициските партии. Членови на подмладокот на СИРИЗА интервенираа на една метро станица и врз постоечкиот плакат залепија порака „Нашите тела ни припаѓаат нам“.