Џонсон сака да ослабне, но поради омиленото јадење никогаш не би станал веган

Британскиот министер Борис Џонсон денеска изјави дека лична цел во 2020 година му е да ослабне, но дека нема да стане веган бидејќи тоа од него би барало многу концентрација и посветеност, како и потреба да се откаже од сирењето што му е омилено јадење.

„Размислував да станам веган во јануари, но ќе траеше премногу концентрација. Имам огромна почит за сите вегани кои се посветени на тој начин на живот“, рече Џонсон во интервјуто за Би-би-си, признавајќи дека годинава сака да ослабне.

Џонсон исто така призна дека не можел да се откаже од сирењето.

„Не можете да јадете сирење ако сте веган. Тоа е кривично дело против… сирењата “, се пошегувал тој.

Веганството е начин на исхрана во кој се исклучува јадењето месо, но и секоја храна од животинско потекло.