Со СДСМ платите растат во сите сектори, се грижиме за работниците, повеќе пари завршуваат кај граѓаните

СДСМ како одговорна партија, која се грижи за граѓаните останува посветена на обезбедување што повеќе пари во семејните буџети.

Политиките на СДСМ придонесоа платите значително да пораснат во сите сектори.

Почнувајќи од декемвриската плата, работниците со најниски примања земаат минимална плата од 14.500 денари што е зголемување од 60 отсто споредено со 2017 година.

Стотина вработени во ИКТ секторот во МВР од месецов добиваат повисоки плати за 30%.

Вработените во градинките, образованието, културата, здравството, армијата, центрите за социјална политика имаат зголемени приходи како никогаш досега, поголеми од 20%.

По сектори, повисоки плати за 16% добиваат над 3.000 вработени во градинките или во просек за 3.000 денари повеќе од претходно.

Со покачувањето од 10 отсто од 1 јануари, вкупното зголемување на платите во основното, средното, високото образование и во науката, изнесува кумулативно скоро 21% имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година.

Осум години платите во Армијата беа замрзнати, денес платите во одбраната растат од 3.000 до 6.000 денари, а дополнително секој припадник на Армијата добива по 7.000 денари за станарина.

Веќе од февруари, повисоки плати добиваат вработените во здравството. Тоа значи повисоки плати за специјалистите за 25%, општите лекари 15%, медицинските сестри 10%, здравствените соработници 5% и помошно техничкиот персонал за 5%.

СДСМ останува на страната на заштита на интересите на граѓаните и државата. Продолжуваме и понатаму со реализација на мерки и политики кои значат повеќе пари и подобар животен стандард на сите граѓани.

Со СДСМ платите растат многу побрзо, а економијата е постабилна и поконкурентна.

Граѓаните ги чувствуваат придобивките и затоа на 12 април ќе потврдат дека растот на платите е вистинскиот, правиот пат.