Спасовски: Имам ново обезбедување, но јас го одбирав

Оливер Спасовски, техничкиот премиер на Македонија, денеска на новинарско прашање рече дека има друг состав на обезбедување кое се грижи за неговата безбедност во однос на претходното кога бил министер за внатрешни работи. Потврди дека не е ниту тоа кое го обезбедувало претходниот премиер Зоран Заев, туку сам го одбрал по своја проценка.

Според Спасовски, тоа не е како резултат на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој ги укина неговите претходни наредби и распореди телохранители во други организациони единици во Министерството за внатрешни работи. Теничниот шеф на Владата очекува дека оваа ситуација ќе биде надмината денеска во МВР.

  • Институициите да продолжат да функционираат нормално на одржувањето на безбедноста и стабилноста. Знаеме дека примарна задача е да продолжат да функционираат проектите и програмите и да се организираат фер и демократски избори. Телата да не излегуваат надвор од рамките на Зкаонот на Влада и да не се нарушува функционирањето на институциите и да нема своеволно толкување на законите. Посебно да се внимава особено за МВР. Очекувам сите овие недоразборања да бидат надминати. Недоволното познавање да не направи да се потпишува секакви одлуки. Да не ги замараме граѓаните за тоа кој какви возила има. Тоа е последен приоритет за граѓаните. Директорот на Бирото за јавна безбедност да ја согледа реалноста и очекувам да се затвори денеска ова прашање. Да, точно е дека не е истото обезбедебување.Тоа се луѓе кои што јас сум ги избрал и проширен е составиот, рече Спасовски.

Чулев претходно потпиша телеграма доставена до сите организациски единици во МВР, со која ги известу раководителите на организациските единици дека наредбите донесени согласно член 154 од Законот за внатрешни работи, со кои на работниците им се наредува да извршуваат задачи во други организациони единици, престануваат да важат, со што тие треба да се вратат на старите работни места.

InterServer Web Hosting and VPS