Реал Мадрид сепак крева раце од Лука Јовиќ, во клубот стигнува нов напаѓач од Бундеслигата?

Во таборот на Реал Мадрид се во потрага по нов напаѓач откако во последно време се доста тенки на оваа позиција поради проблемите со повредените играчи.

Бензема не беше во составот за натпреварите против Валенсија и Атлетико Мадрид, во рамките од шпанскиот Суперкуп и тоа покажа голема слабост во тимот. Лука Јовиќ уште еднаш не успеа да ги оправда очекувањата, па од клубот се насочиле кон ангажман на нов напаѓач.

Според „Скај Германија“, Реал Мадрид е заинтересиран за напаѓачот на РБ Лајпциг и германски репрезентативец, Тимо Вернер.

23 годишниот фудбалер е предмет на интерес на неколку големи екипи како Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, но се верува дека Реал Мадрид во моментов е благ фаворит за обезбедување на неговиот потпис.

InterServer Web Hosting and VPS