OnePlus 8 Pro ќе пристигне со 12GB RAM и Android 10

Откако оствари голем успех со OnePlus 7 серијата телефони, OnePlus сега се подготвува за објава на OnePlus 8 моделот. Компанијата обично своите уреди ги претставува во вториот квартал од годината, а сега претстојниот OnePlus 8 Pro се појави на Geekbenchu доста порано. Претходно дизајнот на уредот го објави дојавувачот OnLeaks.

Geekbench листингот открива нов OnePlus уред со број на модел GALILEI IN2023. Спецификациите од листингот вклучуваат 12GB RAM, Android 10 и матична плоча со кодно име Kona. Судејќи според количеството на RAM меморија, се сугерира дека ова би можела да биде Pro верзија на OnePlus 8 телефонот, бидејќи стандардниот модел би требало да има до 8GB RAM. Уредот оствари 4296 поени на single-core тестот и 12531 поен на multi-core тестот. Овие резултати сугерираат Snapdragon 865 чипсет.

OnePlus 8 Pro ќе има punch-hole дисплеј, со 6.65-инчен AMOLED екран и 90Hz освежување. Дизајнот, исто така, сугерира заоблени рабови на екранот. На задната страна се очекува вертикално поставен систем на камери, кој ќе содржи и ToF сензор.

Објавата на OnePlus 8 серијата телефони се очекува во текот на второто тримесечје на оваа година, а ќе ги вклучува OnePlus 8 и 8 Pro моделите.

извор: USB.mk