Јуве остана без стоперот: Демирал заработи тешка повреда и ќе биде во „аут“ до крајот на сезоната

Вчерашното дерби во италијанската Серија А меѓу Рома и Јувентус заврши со победа на гостите од 2-1, но овој меч воедно донесе и две потешки повреди поради кои „волчицата“ и „бјанконерите“ нема да можат да сметаат на нивните услуги до крајот на сезоната.

За Николо Ѕаниоло од Рома се знаеше дека уште вчера дека има серозна повреда на коленото и ќе мора да оди на операција, сценарио кое денеска Јувентус го потврди за својот играч Мерих Демирал.

Деталните тестови покажаа дека се работи за лигаментите на левото колено, плус има оштетување на менискусот што значи дека стоперот мора да оди под нож. Операцијата ќе се изврши наредните денови, а искуството покажува дека следи процес на рехабилитација од шест месеци што во овој случај значи дека Демирал ќе мора да го пропушти и ЕП.

InterServer Web Hosting and VPS