Нова книга: „Наративни светови“ од Лидија Стојановиќ

Издавачката куќа „Слово“ во едицијата „Логос“ ја објави книгата „Наративни светови“ од д-р Лидија Стојановиќ, научен работник во Институтот за фолклор во Скопје.

„Наративни светови“ претставува истражување на народната наративна култура. Ракописот претставува едно ново истражување, во кое авторката Стојановиќ на сублимиран начин ги обединува најновите теоретски достигнувања во етнолошко-фолклористичките истражувања, но пред сè ги предочува сопствените емпириски матерјали и наодите добиени од нејзините долгогодишни теренски истражувања.

Лидија Стојановиќ е автор на поголем број студии од областа на фолклористиката меѓу кои „Феноменот на иницијацијата во македонската народна книжевност“, „Методи на истражување на фолклорот“, „Хоризонти на народната култура“ и други.

InterServer Web Hosting and VPS