Нови детали за перформанс изведбите на VW Golf 8

Од Волфсбург, деновиве, пласираа нови дополнителни детали, за спортските изведби на Volkswagen Golf, со ознаки GTI, TCR, R кои на пазарот ќе се појават во текот на оваа 2020 година, а че има и дизеел со супериорни перформанси – GTD.

Специјализираните портали имагазини подолго време се занимаваат со лансирање на детали за перформанс креациите на последната, осма, генерациј на иконата од Волфсбург.

Мешу нв е и еномираниот британски магазин Car пштопишува дека Golf GTI ќе бид задвижуван од  2,0-литарски турбо бензинец, со четири цилиндри, надграден со благ хибриден систем од 48 V кој ќе развива 232 КС.

Купувачите ќе можат да избираат помеѓу шест-степен мануелен или како опција, седум -степен автоматски менувач.

Тие кои посакуваат нешто подобри перформанси ќе можат да купат GTI  и TCR исто така со турбо бензинци, со четири цилиндри и со работен волумен од 2,0-литризаедно со благ хибриден систем.

Таа верзија ќе испорачува моќ од 288 КС и ќе има диференцијал со ограничено пролизгување, поголеми – помоќни сопирачки и тркала, а ќе биде и дополнително спуштена, односно поблиску до тлото, за подобро „лежење“ на патот и поголема забава во возењето..

Секако, согласно новата номенклатура на компанијата Golf R ќе биде на врвот на понудата, а неговиот  турбо бензински агрегат, со четири цилиндри и со работен волумен од 2,0-литри ќе понуди 330КС и 400 Nm максимален момент на  вртење.

Ќе доаѓа во комбинација само со седум степен автоматски менувач, а силата ќе се пренесува на сите четири тркала.

Според шпекулациите, GTI и дизелскиот GTD ќе дебитираат во март тековната 2020 година, а TCR и Golf R, шест месеци подоцна, односно во септември истата година.