Во Црна Гора уапсени двајца уредници поради предизвикување паника

Полицијата во Подгорица ги уапси главните и одговорни уредници на црногорските портали „Борба“ и „Ин4с“ под сомнение дека извршиле кривично дело – предизвикување паника и немири.

Според надлежните, тие предизвикале паника во јавноста со објавување лажни вести со случувањата во „Вила горица“ во Подгорица без да ги проверат информациите. Двата медиуми објавиле дека во вилата која се користи за прием на високи гости и делегации од страна на претседателот Мило Ѓукановиќ се случила експлозија, иако од тамошната полиција претходно соопштиле дека се запалила разводна кутија.

InterServer Web Hosting and VPS