Фотографии и спецификации: Samsung Galaxy Watch Active 2

Бидејќи првите Galaxy Watch Active уреди беа претставени пред само 4 месеци, фановите очекуваа дека втората генерација ќе пристигне за најмалку година дена. Но, според новите информации, Samsung веќе работи на новите уреди..

Од фотографиите се забележува дека кај новите модели од десната страна се наоѓа power/home кое е тркалезно и со црвена рамка околу него, додека back копчето е во форма на правоаголник. Од другата страна се наоѓа звучникот и микрофонот, а на задниот дел од уредот има целосно нов дизајн. Како што се очекуваше, нема ротирачка рамка.

Galaxy Watch Active 2 ќе биде достапен во две верзии – едната од нив ќе има само WiFi конекција, додека другата ќе има 4G. 4G варијантата ќе има батерија од 340mAh, додека другата ќе доаѓа со батерија од 237mAh. Батеријата и кај двата ќе биде придружена од 4GB меморија и 1.5GB RAM. Големините ќе бидат 40mm и 44mm. Оперативниот систем ќе биде Tizen. Ќе бидат достапни во црна, златна и сребрена боја./gsm.mk

InterServer Web Hosting and VPS