Потонувањето на чамец со мигранти во Егејското Море доведе до трагедија

Најмалку 11 луѓе, меѓу кои осум деца, се удавиле во близина на турскиот брег, откако им потонал чамецот. Жртвите се мигранти, јави агенцијата Анадолија.

Чамецот потонал во Егејско море во близина на Чешме, летувалиште на запад од Турција, спроти грчкиот остров Хиос, додава агенцијата, наведувајќи дека уште осум лица биле спасени од морето.

Засега не се соопшштува идентитетот на загинатите.

InterServer Web Hosting and VPS