Навивачите на Јунајтед во транс поради еден „твит“ на Рио Фердинанд

Легендарниот стопер на „Црвените ѓаволи“ од ерата на сер Алекс Фергусон е познат како шегобиец на социјалните мрежи, но последниот негов „твит“ многу лесно би можел да стане вистина.

Манчестер Јунајтед и оваа сезона продолжува по системот топло-ладно, а навивачите на овој клуб очајнички бараат засилувања.

Едно од оние имиња кои се поврзуваа со „Олд Трафорд“ е и името на фантастичниот Португалец Бруно Фернандеш. Овој играч за врска на Спортинг со недели се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед и многумина веруваа дека тоа е завршено, но на крајот до трансфер не дојде.

Меѓутоа, тоа сега би можело да се промени судејќи по „твитот“ на Рио Фердинанд. Поранешниот стопер на „Ѓаволите“ на својот Твитер напиша само „Бруно“ со ознака за песочен часовник, алудирајќи на тоа дека се чека неговиот потпис, а јасно е дека се однесува токму на португалскиот играч за врска.

Во текот на вчерашниот ден португалските и англиските медиуми пренесоа дека преговорите меѓу Јунајтед и Спортинг се во напредна фаза и дека челниците на португалскиот клуб се во просториите на „Олд Трафорд“ каде се договара судбината на Фернандеш.

InterServer Web Hosting and VPS