Солскјер негира за разделба со Јанг

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ја отфрли можноста дефанзивецот Ешли Јанг да биде пуштен во Интер преку зимскиот преоден рок. Слични информации се појавија во Италија, но тие беа идентификувани како „шпекулации” од Солскјер.

– Јанг е наш капитен и не треба да подлегнуваме на шпекулациите. Тој е професионалец и е фокусиран на својата работа. Тоа нема да се промени. Немаме многу здрави играчи и сите се важни. Тој ја работи својата работа како капитен, тој игра добро и не гледам причина да се разделиме. Доколку е потребно, можеме да седнеме и да разговараме за такво прашање, прокоментира Солскјер.

Во исто време, стана јасно дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде да привлече централен напаѓач во своите редови, со цел да ја зголеми конкуренцијата на предните позиции на тимот.

Раководството на „црвените ѓаволи” разгледува две опции за можно ново засилување. Се работи за напаѓачите на Вулверхемптон и Лион – Раул Хименез и Муса Дембеле, пишува „Скај Спортс”.

„Црвените ѓаволи” се заинтересирани и за Бруно Фернандеш и Саул Нигез.

InterServer Web Hosting and VPS