Бомба од Шпанија: Барса ја сака клупската легенда за иден тренер

Каталонците не избркале тренер уште од 2003 година. Елиминацијата од Атлетико Мадрид во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп му нанесе притисок на тренерот Ернесто Валверде. Предводникот на Барселона не е сигурен за своето работно место, а сè почести се најавите дека ова ќе му биде последна сезона на кормилото на шпанскиот првак. Има шпекулации дека тој може да биде разрешен уште в понеделник.

Како и по обичај, кога е таква ситуацијата нормално е да кружат шпекулации околу тоа кој би бил новиот тренер на Барселона. Се споменуваат имиња како Роналд Куман, Ерик Тен Хаг, меѓутоа еден има предност пред овие двајца. Тоа е клупската легенда Чави, кој моментално тренерскиот занает го изучува во Катар во таборот на Ал-Сад.

Наводно, оперативците на Барселона Ерик Абидал и Оскар Грау денес имале состанок со легендардниот играч за врска и поранешен капитен на Каталонците, а понудата е да застане на тренерското столче по крајот на оваа сезона.

Чави инаку е еден од најтрофејните фудбалери на актулениот шампион, а „Камп ноу“ го напушти по сезоната 2014/15, кога Барселона ја освои тројната круна.

Барса уште од 2003 година нема избркано тренер. Последен стручњак на кој му бил раскинат договорот беше Луј Ван Гал.

InterServer Web Hosting and VPS