7 години затвор за таткото што за 6.000 евра ја омажил малолетната ќерка со непознат маж од Словенија

Основниот кривичен суд во Скопје го осуди на затворска казна од 7 години таткото што за 6.000 евра ја продаде својата ќерка на маж од Словенија. Настанот за кој судот изрече пресуда за трговија со дете се случи во 2013 година, а тогаш девојката била на возраст од 17 години.

Од Основното јавно обвинителство во Скопје информираат дека на главна расправа биле изведени материјални докази кои на судот му потврдуваат дека Т.Д. го сторил кривичното дело, односно дека ја продал сопствената ќерка и по ова тој е осуден на казна затвор.

Оштетената, тогаш малолетна девојка била присилена на брак. Нејзиниот татко ја продал за договорена сума од 6.000 евра на маж од Словенија кој таа никогаш претходно во животот го немала видено.

Според доказите, кога девојката се противела на тоа да биде во брак со непознат маж, таткото ја тепал.

„Во текот на истрагата се утврди дека родителите на момчето го договориле бракот и таткото на малолетничката дал согласност невестата да ја даде за пари на човек што прв пат го гледа, а кога малолетничката се спротивставила обвинетиот физички ја нападнал и ја присилил на брак”, соопштуваат од Обвинителството.

За овој случај, освен пресудата за обвинетиот родител, изречена е казна и за сопругот и неговите родители од судот во Марибор.

Оштетената малолетничка таму од страна на новото семејството била третирана како предмет на купување, за што надлежниот суд во Марибор во декември 2015 година ги осудил сопругот и неговите родители и им изрекол ефективни затворски казни.

За случајот словенечкиот јавен обвинител го извести Основното јавно обвиителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Надлежен јавен обвинител веднаш започнал истрага за кривично правниот настан против таткото на оштетената. Преку меѓународна правна помош за случајот беа обезбедени докази и разменети информации со словенечките колеги.

InterServer Web Hosting and VPS