Дете во Шпанија одело по работ на 4 спрат, родителите биле дома (ВИДЕО)

Туристка во Шпанија снимила мало дете како оди по тесен раб на станбена зграда на кој се качило преку балконот на 4 спрат.

Снимката е објавена на Фејсбук, со коментар дека „таткото на туристката истрчал кон зградата за да информира некого што се случува“.

Инцидентот се случил во саботата во градот Плаја Параисо, кој се наоѓа на југозападнот брег на најголемиот остров на Канарите. Детето наводно се прекачило преку балконот додека „родителите се туширале“, се наведува на социјалната мрежа.

На снимката се гледа како детето оди кон балкон на четвртиот спрат, а потоа се враќа по истиот пат.

InterServer Web Hosting and VPS