Пенс: Американците се побезбедни по убиството на Сулејмани

Американците се побезбедни по наредбата од претседателот Доналд Трамп за напад, во кој загина Касим Сулејмани, рече потпретседателот Мајк Пенс.

Тој во интервју за Си-би-ес вели дека граѓаните може да бидат мирни благодарение на раководството на претседателот Трамп, како и големиот професионализам што го покажа американската војска во последните неколку недели.

„И покрај иранскиот напад врз нашите бази, поради подготвеноста на нашата војска, нема жртви, ниту меѓу Американците ниту меѓу Ирачаните. Ние се занимаваме со земја која повеќе од 20 години е водечки државен спонзор на тероризмот. Ние ќе продолжиме да бидеме подготвени и ќе продолжиме да се спротивставуваме на Иран на начин што го направи Трамп“, рече Пенс.

Тој додаде дека САД не бараат промена на режимот во Иран, туку промена во однесувањето на сегашниот режим.

InterServer Web Hosting and VPS