Макелеле: Лампард е подготвен за Челзи

Поранешниот фудбалер на Челзи, Клод Макелеле смета дека Френк Лампард е подготвен да ги води „сините“ во новата сезона.

„За мене е одлично што легенди се враќаат во клубот. Уверен сум дека Лампард ќе даде сè за доброто на Челзи. Тој е подготвен. Знае што е потребно за враќање на тимот кон успесите. Френк е голем професионалец, секогаш посветува внимание на детали “, прокоментира Макелеле.

„Уверен сум дека Френк ќе стане одличен тренер на Челзи. За тимот, тој секогаш ќе биде меѓу лидерите. Нови можности ќе се појават по промените во клубот. Сигурен сум дека Челзи ќе има уште многу шанси да ги радува своите приврзаници“, изјави уште Клод Макелеле.

InterServer Web Hosting and VPS