Гвардиола: Потребни ми се непријатели, луѓе кои ме мразат!

Во големо интервју за „Гол“, меѓудругото Пеп Гвардиола се осврна и на критиките кои ги добива понекогаш.

Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери во светот на фудбалот во моментов, според многумина и најдобар.

Тој вели дека потребно му е да има и луѓе кои го мразат, непријателите се важни за да се напредува.

„Потребни ми се луѓе кои ме мразат, бидејќи фудбалот е постојано докажување. Овој спорт генерира непријатели и во тие моменти си викате во ред и ќе се обидете да победите. Истото е и кај играчите“, вели Пеп Гвардиола.

Некои како неуспех му го препишуваат неговиот период во Баерн Минхен со кој не успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите, доминираше само во Германија каде што неговиот тим и немаше голема конкуренција.

„Ми велат дека во Баерн Минхен не успеав да ја освојам Лигата на шампионите, не успеав, но вредеше, тие не ги знаат сите позитивни работи кои јас ги стекнав“.

„Тоа што ми се допадна највеќе е што докажав дека луѓето кои веле дека не можеме да го играме истиот начин на фудбал во Германија или Премиерлигата погрешија“.

„Со Силва, Бернардо Силва, Стерлинг или Агуеро, сите тие помали од метар. Го направивме тоа“.

„Не примавме многу голови и доминиравме посиционо. Ги имаме истите идеи кои ги имавме кога трениравме во младинскиот тим на Барселона во третата дивизија“.

Тој вели дека е среќен во Манчестер Сити и нема намера да се врати во Барселона или Германија.

„Тука во Сити имам сè, искрено имам сè што ми е потребно. Работење дома, во Шпанија е тешко поради тоа што емоциите се многу интензивни и прес конференциите се потешки“.

„Тука, во Манчестер го имам Чики Бегиристан (спортскиот директор на Сити), кој е најважната личност во мојата кариера бидејќи ми веруваше и кога бев никој“.

„Го имам е Феран Сориано (извршниот директор на Сити) исто така, понекогаш ќе се запрашате како може да биде толку ладен? Но во исто време знаете дека тој менаџира со брутална перцепција“.

„Кога победувам сум добар, кога губам сум лош. Секаде е исто, но во овој клуб ние сме тројца или четворица луѓе кои ги носиме спортските одлуки, нема врева од 18 членови на бордот на пример“.

„Имам сè што посакувам за да си ја вршам работата. Не би се вратил назад во Барселона или Германија. Каде би имал волку добри услови за да играм во така прекрасна лига како што е Премиерлигата?“.

InterServer Web Hosting and VPS