Рама: 30 јуни историски момент, мојата рака е подадена кон опозицијата за разговор

Албанскиот премиер Еди Рама во синоќешното обраќање, 30 јуни го нарече историски момент и ден кога државата ја добила иднината, граѓанството, надежта..

Денеска беше денот на кулминацијата на историскиот судир меѓу минатото и иднината, меѓу антидржавата и државата, меѓу старата Албанија, духовите на историјата и праведна Албанија.

  • Денеска победи државата на иднината, граѓанството, надежта, рече Рама по затворањето на избирачките кутии од локалните избори, кои минаа со бојкот на опозицијата и исклучително ниска излезност од 21,6 проценти. Првичните резултати се очекуваат во текот на денов. Поради неучеството на главната опозиција во дури 31 од вкупно 61 општина, во трката за градоначалник имаше само по еден кандидат.
InterServer Web Hosting and VPS