„Медена земја“ повторно ќе се прикажува во Кинотека во јануари

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ повторно ќе се прикажува во Кинотеката од 13 до 18 јануари, со проекции од 18 и од 20 часот. Влезот е 100 денари.

Филмот е во режија на Тамара Kотевска, Љубомир Стефанов, а улогите се на Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам.

Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, се соочува со опасност кога во околината облагородена со природен баланс ќе се насели многучлено семејство кое ќе се обиде да ѝ ја преземе трговијата со мед.

Низ супериорна визуелна нарација и маестрална монтажа, филмот за „медената земја“ нѐ опоменува дека сите наши постапки си имаат последици по човештвото во иднина. По подолго време – конечно – фантастичен филмски продукт од ова поднебје, кое како трајна вредност го препознава целиот свет.

„Медена земја“ деновиве доби уште две значајни признанија. Снимателите Фејми Даут и Самир Љума ја добија наградата „Cinema Eye Honors“ за исклучително достигнување во кинематографијата а филмот ја доби и наградата за најдобар документарен филм која ја доделува Меѓународното здружение на филмски критичари (NSFC).

Филмот се најде на листите на најдобрите овогодинешни филмови на многу значајни списанија како „Њујорк Тајмс“, „Ролинг Стоун“, „Варајети”, „Венити феир“ и други.

„Медена земја“ е во потесниот избор за престижниот „Оскар“ во две категории. Номинациите ќе бидат ќе бидат обавени наскоро.

InterServer Web Hosting and VPS