Samsung Galaxy S20 моделите наводно ќе имаат 120Hz дисплеи

Според извештајот на сајтот SamMobile, следната линија премиум смартфони на Samsung – Galaxy S20 – ќе има дисплеи со освежување од 120 Hz. Извештајот цитира „исклучително доверлив извор“.

Гласините за дисплеи од 120 Hz за следната Galaxy линија на Samsung се поттикнати од објавата на компанијата на наредната генерација мобилни чипови – Exynos 990. Во текот на најавата на чипсетот, најавена е поддршката за 108MP камера и екрани со стапка на освежување до 120Hz.

Недолго потоа, во рамките на One UI Beta build откриена е опцијата за менување на стапката на освежување на дисплејот од 60Hz на 120Hz. Моментно, ниту еден Samsung Galaxy уред од актуелната генерација не поддржува освежување над 60Hz, па подесувањето во рамките на beta build не беше функционално,

Следната линија Galaxy премиум телефони на Samsung ќе биде претставена на 11. февруари во Сан Франциско, заедно со флексибилниот Galaxy Fold 2 модел.

извор: USB.mk

InterServer Web Hosting and VPS