Прашање на време е кога Ешли Јанг ќе го облече дресот на Интер?

Речиси дека нема никакви дилеми во тоа дека се ближи крајот на Јанг на „Олд Трафорд“, на Островот подолг период наведуваат дека во Манчестер јунајтед немаат ништо против да се ослободат од неговите обврски уште во јануарскиот преоден рок.

Според информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека искусниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ешли Јанг е мошне близу да направи трансфер во Интер.

Специјалистот за трансфери во Италија, Џанлука Ди Марцио тврди дека во Интер имаат голема надеж дека би можеле да издејствуваат за прилично ниско обештетување за бекот уште овој преоден рок.

34 годишниот Јанг на лето ќе стане слободен играч на трансфер пазарот, со оглед на фактот што во јуни му истекува неговиот договор со „Црвените ѓаволи“, а Ди Марцио нотира дека преговорите се одвиваат толку непречено што реализацијата е само прашање на време.

Новинарот на „Скај Спорт Италија“ тврди дека Интер ќе му понуди тригодишен договор на Јанг, кој би станал третиот фудбалер од Манчестер јунајтед кој го облекол дресот на Интер во изминатиов период по Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.

InterServer Web Hosting and VPS