Честитка од Алијансата на Албанците по повод празникот Божик

Алијансата на Албанците упати честитка до граѓаните по повод празникот Христовото раѓање – Божик.

– Посакуваме сите ние да сме толерантни секој ден од нашите животи, како на празничните денови. Мирот и љубовта што ги придружуваат празниците нека бидат присутни секој ден од годината! Со надеж дека вашите домови ќе бидат исполнети со хармонија, здравје и просперитет, стои во честитката од Алијансата на Албанците.

InterServer Web Hosting and VPS