Иран ја прогласи американската војска за терористичка организација

Иранската влада ја прогласи американската војска за терористичка организација, пренесува Си-ен-ен повикувајќи се на иранската агенција ИРНА.

Сите американски војници ги сметаат за терористи.

Претходно истата влада го прогласи убиството на генералот Касем Сулејмани за државно спонзориран тероризам од страна на САД.

Локалните медиуми јавуваат дека ирански пратеници денес прифатиле закон кој вели дека целиот пероснал на Пентагон, сите поврзани компании, институции, агенти и команданти сега се сметаат за терористичка организација.

Како што јавува агенцијата Фарс њуз, со истиот закон парламентот ѝ дал на Републиканската гарда 200 милиони евра за да го одмазди убиството на Касем Сулејмани.

InterServer Web Hosting and VPS