Силна експлозија во дипломатски кварт во Кабул

Силна експлозија одекна утрово во дипломатски кварт во Кабул, но засега нема податоци за причинета материјална штета или жртви.

АП наведе дека експлозијата ги стресла прозорците, а кон небото се издигнал облак од чад во центарот на Кабул, во близина на американската амбасада.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими, изјави дека до експлозијата дошло во густо населено подрачје, каде што се наоѓа Министерството за одбрана, пренесе „Ројтерс“.

Полициските власти во Кабул потврдија дека дошло до експлозијата, но не изнесоа детални информации.

InterServer Web Hosting and VPS