Еве што се случува со вашето тело кога сте под стрес

Стресот е секаде околу нас и во нас. Стана составен дел од нашето секојдневие, а премногу стрес може да остави трајни последици по нашето здравје.

Се` започнува во дел од мозокот кој се нарекува амигдала или corpus amygdaloideum. Кога шефот вика по вас или немате време да завршите нешто што сте започнале, амигдалата испраќа порака до хипоталамусот и се покренува целиот нервен систем – срцето почнува да чука побрзо, се зголемува нивото на хормонот на стрес – кортизол.

Луѓето кои се постојано изложени на стрес чувствуваат, освен психички, и физички последици. Со време добиваат зголемен крвен притисок. Поради зголеменото ниво на кортизол, доаѓа до промена во дигестивниот систем – хранливите материи послабо се апсорбираат, се зголемува холестеролот, расте потребата за внес на храна и крајниот резултат е – дебелеење.

Кортизолот влијае и на промени во мозокот – доаѓа до пореметување на сонот, слабеење на меморијата. Хроничниот стрес може да доведе до депресија, анксиозност и болести на срцето.

Наредниот пат кога ќе бидете под стрес, длабоко вдишете и разгледајте некои начини како да го спречите: вежбање, здрава исхрана, одмор. И најважно од се – бидете позитивни, пишува Бизнис инсајдер.

InterServer Web Hosting and VPS