Лаказет за лекцијата која ја добиле: Артета многу ни викаше на полувреме

Тимот на Арсенал со подобра игра во второто полувреме успеа да слави над Лидс Јунајтед со 1-0 и да се пласира во следната фаза на ФА Купот.

Ова секако е добар резултат за „топчиите“ кои во првиот дел како да не постоеја, односно комплетно беа надиграни од нашиот Џани Алиоски и компанија, а тоа дефинитивно го налутило Микел Артета кој на своите соиграчи им одржал вистинска лекција во соблекувалната.

-Многу викаше. Не беше среќен затоа што знаевме како ќе играат и не го почитувавме тоа што ни го кажа. Второто полувреме беше подобро, ти благодарам Нелсон за голот. Емоциите беа многу високи. Тие играа многу добро во првото полувреме и секако Лидс е одличен тим, мислам дека нè притискаа, тоа ние не го очекувавме. На крајот ја постигнавме целта и тоа е најважната работа, -истакна напаѓачот Александре Лаказет.

InterServer Web Hosting and VPS