Ќерката на Сулејмани се закани со напад на американските сили

Ќерката на иранскиот генерал Касим Сулејмани, кој беше убиен во воздушниот напад на САД во Багдад, се закани со напад врз американските воени сили на Блискиот исток. Зеинаб Сулејмани заканата ја упати за време на погребната поворка за нејзиниот татко во Техеран.

„Семејствата на американските војници на Блискиот исток ќе поминат денови во очекување на смртта на нивните деца“ порача таа.

И генералот Исмаил Гани, кој го замени Сулејмани на лидерското место на елитната единица Кудс, вети дека ќе се одмазди.

„Семоќниот Бог вети дека ќе се одмазди, а Бог е главниот одмаздник. Секако ќе се преземат активности“, рече Гани во интервју за Иранската државна телевизија.

И ирачкиот парламент повика на протерување на сите американски војници од територијата на Ирак.

InterServer Web Hosting and VPS