НАТО свика состанок на амбасадорите поради тензиите на Блискиот исток

Денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе се состанат амбасадорите на Алијнсата, поради зголемените тензии на Блискиот исток. Напнатоста порасна откако американските сили убија висок ирански генерал.

„Генералниот секретар одлучи да го свика состанокот на амбасадорите на НАТО по консултациите со сојузниците.

Минатонеделното убиство на Касим Сулејмани во американски напад со беспилотно летало на аеродромот во Багдад изненади многу од сојузниците на Вашингтон и предизвика повици за деескалација.

Техеран најави одмазда за командантот на Ал Кудс силите, додека во Ирак пратениците побараа 5.200 американски војници кои се стационирани таму да ја напуштат државата

InterServer Web Hosting and VPS