Џонсон: Британија нема да жали за убиството на Сулејмани

Британскиот премиер, Борис Џонсон, изјави дека Велика Британија нема да жали за смртта на командантот на иранската револуционерна гарда, Касим Сулејмани, кој почина во петокот во Ирак во американски напад со беспилотно летало, но повика на воздржаност како одговор на неговата смрт.

„Сулејмани беше одговорен за моделот на нарушувачко, дестабилизирачко однесување во регионот“, се вели во изјавата на Џонсон, кој додава дека командантот е виновен за смртта на илјадници невини цивили.

Според Џонсон, повиците за одмазда ќе доведат до поголемо насилство.

Британскиот премиер изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој посочи и дека се преземени чекори за зголемување на безбедноста на лицата од Британија и нивните интереси во регионот.

InterServer Web Hosting and VPS