Бомба од Јувентус: Се планира отказ за Сари и покана за Гвардиола

Вистинска атомска бомба навести Repubblica, според која во Јувентус се разгледува коренита промена во екипата.

Наводно, раководството на Јувентус планира да му даде отказ на Маурицио Сари и на неговото место да го покани Пеп Гвардиола, сегашниот тренер на Манчестер Сити. Се тврди дека Гвардиола ќе биде повикан да го преземе Јувентус веќе во претстојното лето.

Исто така, Јувентус наводно ќе се обиде да го донесе во екипата Килијан Мбапе, напаѓачот на ПСЖ.

Од другите засилувања, се планира трансферот на Тиаго Алкантара од Баерн, за кого би го дале Емре Џан.

InterServer Web Hosting and VPS